Реклама
Македонија

Мицкоски, Тошковски и Агелер утре на свечен настан во Центарот за обука на МВР во Идризово

Во Центарот за обука на МВР во Идризово, утре во 11:30 часот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Центарот за обука на МВР во Идризово, утре во 11:30 часот ќе се одржи свеченост по повод предавањето на акредитацијата од Меѓународната асоцијација на Директори на Полициски академии за стандарди и обуки (ИАДЛЕСТ) од страна на американската амбасадорка Ангела Агелер.

На настанот ќе се обратат претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, амбасадорката на САД Н.Е. Ангела Агелер и помошник-министерот на Центарот за обука Влатко Митковски.