Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

ООУ „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче се проширува со капацитет за над 100 ученици

Општина Аеродром издаде одобрение за доградба и надградба на ООУ „Гоце Делчев“…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Аеродром издаде одобрение за доградба и надградба на ООУ „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче и со овој проект веќе е аплицирано на вториот јавен повик од Владата за финансиска поддршка на општините за реализација на инфраструктурни проекти.

В.д. градоначалникот, Дејан Митески, го потпиша одобрението со кое најстарото училиште во Аеродром за прв пат од своето постоење ќе добие проширување на капацитетите за над 100 ученици.

Доградбата и надградбата опфаќаат 300 квадратни метри нова површина на постојното источно крило од училиштето, при што покрај трите нови училници и нова канцеларија, ќе бидат изведени нова кровна конструкција, внатрешна и надворешна столарија, нови подови, нова термичка фасада, целосно нова опрема, како и нови електрични, водоводни, термотехнички и противпожарни инсталации.

Реклама

Во централното училиште во Горно Лисиче учат околу 500 ученици, додека во подрачното училиште на ООУ „Гоце Делчев“ што се наоѓа во Долно Лисиче настава посетуваат речиси 200 деца.

Општина Аеродром е фокусирана на проширување на капацитетите и на подобрување на условите како во училиштата, така и во детските градинки. Периодов интензивно се работи на капиталните проекти за доградба и надградба на ООУ „Блаже Конески“ во Мичурин, како и на доградба и надградба на објектот „Изворче“ во Стар Аеродром во рамките на градинката „Срничка“.