Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Економија

Експерти: Зголемување на минималната плата со субвенционирање придонеси ќе го колабира буџетот

Субвенционирање плати и придонеси од државниот буџет нема економска и пазарна логика…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Субвенционирање плати и придонеси од државниот буџет нема економска и пазарна логика и би предизвикало проблеми. Такви интервенции може да се прават само во исклучителни ситуации и со однапред изработен план.

Експертите објаснуваат дека државниот буџет не е вреќа без дно и оти мора внимателно да се баласираат приходите и расходите. Решението го гледаат во продожување на дијалогот помеѓу социјалните партнери. Следното ниво е во иднина  работодавачите и работниците да продолжат со преговорите кои ќе резултираат со колективни договори кои ќе ги одредат условите за работа.

И бизнисот е согласен  дека заострената реторика не води кон решение. Според она што го дознале од неформални разговори, Владата нема да ги поддржи за субвенции и од април ќе го исплаќаат она што го налага законот, односно според актуелната методологија која се темели трошоците на живот и просечната плата би изнесувала нешто над 24 илјади денари. Од Бизнис конфедерацијата посочуваат дека може да се разговара за промена на формулата, како и за тоа во иднина да се плаќа работа по саатница.

Реклама

Неформално зборувавме со владини претставници востановивме дека не можеме да очекуваме поддршка за покачувањето на социјалните придонеси. Така да, го имаме законското решение на кое мораме да се потпираме. Од демократски, политички аспект Владата ни соопшти нешто што го очекувавме со години, а тоа дека ќе треба ние сами да се договориме со синдикатите. Она ниво на политичка и демокаратија на социјален дијалог ја имаме сега во пракса, меѓутоа дијалогот треба да биде заснован врз реални состојби. Во овој момент ова што се нуди како решение го гарантира минималецот, ние ги молиме работодавачите да размислат на кој начин ќе ги намалат останатите трошоците за да ги зголемат платите на работниците. Оваа формула во моментов дава балансирана состојба, оваа формула во моментов нуди стабилност, вели Бошков.

Висината на минималецот законски треба да се утврди месецов, а да почне да се исплаќа од април. Синдикатите велат ако не се покачи платата ќе излезат на протести на 2-ри и 7-ми април. За да продолжат преговорите во рамки на ЕСС треба да се формира комисиајта која ќе ја утврди репрезентативноста на сидникатот.