Реклама

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Македонија

Ѓорѓиевски: Кисела Вода добива уште една нова детска градинка

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски заедно со заменик министерот за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски заедно со заменик министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски, изврши увид во градежните активности на детската градинка “Верверичка”, кои се во завршна фаза.

Оваа нова градинка во населбата 11 Октомври Згради, ќе се протега на 525м2, во кои ќе има 4 занимални и една поголема просторија предвидена за сала за приредби и свечености. Согласно предвидената динамика на градба, треба да биде завршена до мај оваа година и ќе обезбеди квалитетни услови за предучилишно образование за преку 110 дечиња.

Градоначалникот нагласи дека создавањето на можности и услови за позитивен ран детски развој е еден од клучните приоритети на Општина Кисела Вода.

Реклама

-Кога започнавме со работа, во општина Кисела Вода имавме листа од над 400 деца кои чекаа за упис во градинка. Денес, таа бројка е намалена на околу 40, благодарение на новите градинки кои ги отворивме и на проширувањето на капацитетите на постојните. Во изминатите три години, направивме интервенции во вкупно 9 објекти. Со изградбата на “Верверичка”, како и со завршувањето на новата градинка во Расадник и во Потстаница, општината веќе се движи кон целта да ја елиминира комплетно листата на чекање. Мојата визија е јасна- за секое дете од општината да има место во градинка. Овие проекти, како и инвестициите во опремувањето на градинките, ќе овозможат услови за креативен и стимулативен развој на најмладите, изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.

Детската градинка „Верверичка“ се гради со финансиско партнерство на Општина Кисела Вода и Комерцијална Банка.