Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Македонија

Петрушевски: ССМ преповторува тези на СДСМ, целта им е да го закочат развојот на државата

ССМ преповторува тези на СДСМ, целта им е да го закочат развојот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ССМ преповторува тези на СДСМ, целта им е да го закочат развојот на државата. Барањата за субвенционирани придонеси од страна на владата се камен за сопнување смислен од СДСМ, а реализиран од ССМ, кој е препознаен од народот како манипулација, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„Крајниот план на СДСМ е застој во развојот на државата, а ССМ под палка на Слободан Трендафилов кој одработува за неговата позиција е само алатка.

СДСМ има за цел преку ССМ да ја закочи државата десетици милиони евра наместо во развој да се трошат на придонеси.

Реклама

СДСМ сака да нема нови патишта, болници, училишта, градинки. СДС сака да го запре развојот, кој веќе е воочлив.

СДСМ не може да се помири со фактот што државата тргна напред, а економскиот раст во последните два квартали од минатата година е над 3%.

СДСМ се свесни дека со вакво темпо на развој на државата, тие уште толку ќе потонат во заборав, па преку вештачки наметнати теми сакаат да бидат актуелни. И за таа тема го користат ССМ и Трендафилов.

Слободан Трендафилов ја злоупотребува својата позиција во ССМ и го внесува синдикатот во непринципиелни сојузи со политичките партии СДС и Левица“, додаде во изјавата.

За претседателското место во ССМ, Трендафилов дебело одработува за СДСМ. И тој и врвот на СДСМ се коцкаат со иднината на државата. За среќа на државата, прочитани се и народот не ги есапи, потенцира Петрушевски.