Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Македонија

Мицкоски: Населеното место Јака во Илинден станува пристојно место за живеење

За мене е задоволство и чест што можам денес да бидам тука…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За мене е задоволство и чест што можам денес да бидам тука во Општина Илинден, заедно со градоначалникот, со министерот за локална самоуправа, со заменикот во Министерството за локална самоуправа, со пратениците, со останатите владини функционери, со жителите, со граѓаните на Општина Илинден да присуствуваме на вака убави моменти, изјави денеска премиерот Христија Мицкоски при неговата посета на општина Илинден.

-Кога се гради нешто е навистина убаво. Ние ќе продолжиме да градиме и понатаму, бидејќи тоа е суштината на едно политичко функционирање, да создавате, а не да уништувате. Таа е нашата филозофија и така и ќе продолжиме да се однесуваме.

Јас повеќе немам што да зборувам во делот на техничките карактеристики на овие проекти, бидејќи градоначалникот и министерот кажаа сè. Само ми останува да се заблагодарам на градоначалникот за неговата прилично амбициозна агенда овде во Општина Илинден, на советниците, на администрацијата во Општина Илинден, на Министерството за локална самоуправа, коешто еве сега го фасилитира и овој втор повик, каде што самиот министер кажа отприлика колку проекти се поднесени, од колку општини итн.

Реклама

Да се заблагодарам на пратениците, на пратеничката од овде од Општина Илинден, на сите граѓани кои даваат поддршка од Општина Илинден за ова што работиме, а наша задача и наша обврска и дадениот збор е да тоа што сме го ветиле, го реализираме и во таа насока ќе продолжиме и во иднина да се однесуваме.

Само да напоменам, претпоставувам спомена и градоначалникот, во ова населено место Јака се вложени неколку милиони евра. Тоа да, луѓето купуваа плацови, градеа куќи, но немаше ниту вода, немаше ниту канализација, ниту пат, ниту било какви основни услови за живот. Сега гледаме дека сето тоа станува реалност и ова навистина заличува на една убаво, пристојно место за живеење, кое од ден на ден ја зголемува својата бројност. И јас навистина посакувам уште многу вакви успешни проекти ширум целата држава, рече Мицкоски.