Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Македонија

ВРЕДИ: Фронтот на Ахмети е на стаклени нозе!

Ништо повеќе не зависи од Али Ахмети. Неговиот авторитет е целосно разнишан…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ништо повеќе не зависи од Али Ахмети. Неговиот авторитет е целосно разнишан после скандалите со Артан Груби. Не може да наметне ниту едно решение, не може да ги консолидира редовите, бидејќи никој повеќе не му верува дека брзо ќе се вратат на власт, велат во партиското соопштение од Коалицијата ВРЕДИ.

Очајот оди дотаму што тера инает на администрацијата на САД и упорно ги држи блиску до себе и го оправдува поведението на кадрите на ДУИ што се на црната листа. На сценариото за бојкот и плановите на денот на изборите да се испровоцираат инциденти, претходела внатрешна кавга во фронтот на ДУИ. Темата била Струга. Затоа, наместо да ја дефокусира јавноста со лажна грижа за Албанскиот јазик, ДУИ треба да одговори:

Дали Ахмети му кажал на Села дека не може да се откаже од услугите на Рамиз Мерко? Дали е точно дека Артан Груби стои зад Рамиз Мерко заради нивни меѓусебни дилови? Дали е точно дека Зијадин Села му се заканил дека ќе ги бојкотира локалните избори во Струга, ако Рамиз Мерко не е исклучен од ДУИ? Одговорите на овие прашања ќе го поткрепат нашето тврдење дека зад обидот да се предизвика политичка криза се крие страв од пораз заради внатрешни пресметки за да се заштитат поранешните корумпирани функционери на ДУИ и нивните блиски. Сценариото за бојкот нема ама баш никаква врска со наводната “деалбанизација” за која лажно
критикува ДУИ. Албанскиот народ ја препознава оваа политичка измама и жестоко ќе го казни ова предавство на претстојните избори, стои во соопштението на ВРЕДИ.