Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Економија

Димитриеска-Кочоска: Првата транша за компаниите од унгарскиот заем ќе биде исплатена задутре

Првата транша во износ од околу 11 милиони евра, од средствата наменети…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Првата транша во износ од околу 11 милиони евра, од средствата наменети за поддршка на компаниите обезбедени со унгарскиот заем, ќе биде исплатена задутре, односно ќе бидат префрлени средствата од централниот Буџет кон Развојната банка, најави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Во изјава за Канал 5 од Будимпешта, таа наведе дека побарувачката кај компаниите за користење на средства е неколку пати поголема од износот на кредитот и оти средствата се достапни за сите компании.

„Согласно условите што ги одреди Владата право на пристап до овие средства имаат сите компании со исклучок на оние што се занимаваат со производство на алкохолни пијалоци, производство или трговија со тутун, како и дејности поврзани со коцкање, казина и еквивалентни претпријатија“, рече министерката додавајќи дека директен увид во одлуките на банките за тоа кои проекти ќе бидат поддржани нема, но дека доколку има отстапки банките би можеле уште еднаш да ги разгледаат апликациите и да ги земат предвид билансите на компаниите.

Реклама

Таа се осврна и на делот од заемот кој е повлечен од Унгарија за поддршка на општините и изрази задоволство од реализацијата на тие средства.

„Очекувам да имаме одлична реализација имајќи предвид дека имаме изборна година и дека секој еден градоначалник без разлика од која политичка партија ќе има желба да праави побрза реалиација на проектите со кои ќе аплицира“, рече министерката.

Министерката за финансии вчера и денеска, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и министри од Владата, учествуваше во Будимпешта на Македонско-унгарскиот самит.