Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Македонија

Саем за образование 2025 на 15 и 16 март

Скопје сити мол и студентската заедница во Македонија „Студентарија“ на 15 и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скопје сити мол и студентската заедница во Македонија „Студентарија“ на 15 и 16 март организираат Саем за образование чија цел е да ги поврзе младите – матурантите и студентите со универзитетите, да се запознаат со можностите за образование, специјализација и професионален развој, како и со академии за дигитални вештини и компании.

Ќе учествуваат десет универзитети со над 80 факултети од земјава, како и академии за дигитални вештини и продажба и голем број компании и организации за млади.

-Саемот е единствена можност за средношколците и идни студенти на едно место да се сретнат со претставници на над 80 факултети од Македонија, да дознаат за нивните студиски програми, уписни рокови, можности за стипендии и кариера, животот на кампусите, но и да учествуваат на работилници за кариерно советување и да ги истражат различните образовни и професионални патишта кои ќе ја одредат нивната иднина, соопшти организаторот.

Реклама

За студентите, пак, предвидени се голем број панел-дискусии, работилници и презентации кои ќе им помогнат подготвени да излезат на пазарот на труд, а ќе учествуваат и компании кои ќе понудат можности за пракса и вработување.

Регистрацијата за учество на саемот е во тек и сите заинтересирани средношколци, студенти и нивните родители може да се пријават бесплатно на линкот.