Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Македонија

Втора меѓувладина седница помеѓу Македонија и Унгарија

Втора меѓувладина седница помеѓу Македонија и Унгарија. Тет-а-тет средба помеѓу македонскиот и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Втора меѓувладина седница помеѓу Македонија и Унгарија. Тет-а-тет средба помеѓу македонскиот и унгарскиот премиер Христијан Мицкоски и Виктор Орбан, и бројни билатерални помеѓу повеќе ресорни министерства. Македонската влада патува во унгарската престолнина каде во следните два дена ќе се зацврстува веќе одличната соработка меѓу двете земји.

  • Согласно агендата предвидени се тет-а-тет средба помеѓу претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и претседателот на Владата на Унгарија, Виктор Орбан. Во рамки на владиниот самит предвидено е да се одржат и билатерални средби помеѓу ресорните министри на двете влади, по што ќе следи и заедничка владина седница помеѓу двете влади, информираат од Владата .

Според најавата, утре ќе биде потпишан Акциски план за соработка од министерите за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски и Петер Сијарто.

  • Во рамки на посетата предвидено е министерот за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за надворешна политика и трговија Петер Сијарто да потпишат Акциски план за размена на експертиза од страна на Унгарската дипломатска академија за јавни службеници на меѓусебно договорени теми за интеграција во ЕУ, процесите на администрацијата на Министерството за надворешни работи и надворешната трговска политика во Будимпешта, информираат од Владата.

Во вторник, пак ќе има меѓувладина седница, а претходно се очекуваат повеќе средби помеѓу македонските и унгарските министри. По завршувањето на седницата, се очекува двајцата премиери да одржат заедничка прес-конференција.

Реклама

Ова ќе биде втора меѓувладина седница помеѓу Македонија и Унгарија, откако првата се одржа лани во септември во Охрид. Тогаш  Орбан ја потврди поддршката за Македонија на евроинтегративниот пат, со што се понуди дури и да биде посредник на дијалогот помеѓу Скопје и Софија, како тогашен претседавач со Советот со ЕУ, но Бугарија веднаш го одби предлогот на унгарскиот премиер. Тогаш во фокусот на разговорите беше и унгарскиот кредит од 500 милиони евра, пари за кои Орбан беше дециден дека се европски а не кинески како што тогаш обвинуваше опозицијата. Унгарскиот премиер понуди и дополнителна финансиска помош таму каде што ќе реши македонската влада дека и е потребно.

Двете владејчки партии, ВМРО-ДППНЕ и Фидес се братски партии кои според двајцата премиери е добро да соработуваат.