ВМРО-ДПМНЕ бара СДСМ да го осуди и да го исклучи од Централниот одбор на партијата Филип Андов-Сокол. Тој е поранешен советник на Зоран Заев и директор поставен од Димитар Ковачевски, што, според ВМРО-ДПМНЕ, е доказ дека во СДСМ ништо не е сменето, туку на функции и натаму се поставуваат лица поврзани со криминал. Инаку Сокол беше приведен вчера поради сомнежи за злоупотреби додека бил диркетор на затворот Шутка. Се сомничи дека без никаква правна основа пуштал на шетање дел од затворениците.