Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Македонија

Двајца малолетници (14) испраќале мејлови за поставени лажни бомби во училишта во Скопје

Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ќе поднесе известување, врз основа на кое двајца 14-годишни малолетници од Скопје, ќе бидат пријавени за случајот со праќање лажни закани за бомби во училишта.

-Имено, пријавените малолетни лица на 19.02.2025, од мобилниот телефон на едниот малолетник испратиле имејл со заканувачка содржина за поставена бомба во две училишта (едно основно и едно средно) во Скопје. Исто така, на 21.02.2025 од мобилниот телефон на другиот малолетник испратиле имејл со заканувачка содржина за поставена бомба за поставена бомба во две училишта ( едно основно и едно средно) во Скопје, велат од МВР.

Од страна на Единицата за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи при СБПТНЕР во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал извршена е антитерористичка проверка на сите училишта кои што добиле порака, но не се пронајдени експлозивни направи и е утврдено дека се работи за лажно пријавување за поставени експлозивни направи.

Реклама

-По преземени мерки и активности од страна на Секторот за компјутерски криминал, утврдено е IMEI-то на мобилниот уред користен од страна на корисничкиот имејл од каде се пратени пораките, кое IMEI било поврзано до услугите на GOOGLE на 21.02.2025 од IP адреса од телекомуникациски оператор од Република Македонија. По извршени дополнителни проверки од страна на СБПТНЕР, утврден е идентитетот на инволвираните малолетни лица, при што на 25.02.2025 во ПСОН Чаир тие се повикани и во присуство на родител, инспектор за малолетничка деликвенција од СВР Скопје и адвокат, извршен е разговор во кој го признаа и појаснија начинот на извршување на делото, велат од МВР.

По извршениот службен разговор, со цел обезбедување на докази, со потврда за привремено одземени предмети од нивните родители се одземени два мобилни телефони со СИМ картички, кои ги користеле пријавените малолетни лица.