Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Вчера санкционирани 773 возачи, 73 возеле без возачка дозвола

Продолжувајќи со несмалената динамика на сообраќајни контроли низ патиштата во земјава, вчера…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Продолжувајќи со несмалената динамика на сообраќајни контроли низ патиштата во земјава, вчера (24.02.) полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи, преземаjќи плански мерки, а согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила, на ниво на цела држава издадоа вкупно 773 платни налози по основ на прекршоци сторени според одредбите од овие закони.

Притоа, во рамки на контролите, согласно статистичките трендови, најголем дел од прекршоците се однесуваат за возење со брзина поголема од дозволената 175, како и непрописното паркирање 252.

Додека пак, веднаш зад нив следат прекршоците за возење без возачка дозвола 73, потоа некористење на сигурносен појас 48, како и 34 прекршоци за користење на мобилен телефон при возење.

Реклама

Инаку вчера, во шест случаи детектирани се возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, петмина минале на црвено светло, а евидентирани се и осум прекршоци на пешаци. Согласно, пак, Законот за возила биле евидентирани шест технички неисправни, како и 17 нерегистрирани возила.

Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените мерки и активности во поглед на сообраќајната безбедност, а континуирано се реализираат и превентивни активности низ сите сектори за внатрешни работи во насока на укажувања и апелирања до сите учесници во сообраќајот за целосно почитување на сообраќајните правила и прописи.