Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Економија

Инвестиција во здравството: Ќе се реновира најголемата болница „8 Септември„

Популарната „Воена Болница„ или сега официјално градската болница „8 Септември„ ќе си…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Популарната „Воена Болница„ или сега официјално градската болница „8 Септември„ ќе си го врати својот сјај како најдобра и најмодерна здравствена институција во Македонија. Ќе има седум нови операциони сали, две за абдоминална хирургија, две за уролошка интервенција, две за уво нос и грло, една за очна хирургија. За прв пат се воведува и роботска хирургија. Се треба да заврши за осум месеци. Проектот предвидува и нова светска апаратура со најсоовремени болнички услови за пациентите и здравствените работници. Целосно ќе се санира и кровот на болницата. Инвестицијата ќе чини 12 милиони евра.

“Интензивна нега на површина од 500 м2. Предвидени се седум целосно опремени боксови за пациенти со најсовремени кревети, линиски поставени со централно мониторирање од страна на медицинскиот персонал, придружни простории од 800 м2, стерилизација, биохемиска лабораторија, микробиолошка лабораторија и патолошка лабораторија. Тука спаѓа и делот на целосна санација на кровот на болница и поставување на ефикасен систем на греење и ладење на болницата”, истакна вицепремиерот Александар Николоски.

Сите нови хирушки сали ќе имаат најнова опрема, модерни хируршки маси, нови машини за анестезија, медицински компјутери, дефибрилатори и друг инвентар.

Реклама

Премиерот Мицкоски, кој ја најави инвестицијата, оддаде почит на здравстевните работници кои за време на минатата власт морале да работат под ужасни услови.  

“Здравството, морам да напоменам, беше една од најзапоставените области каде континуираната негрижа од минатата влада доведе до распаѓање и на така дотраените болници и капацитети. Тука морам да оддадам почит на голем дел од посветениот здравствен кадар, кој и во едни такви услови продолжи да работи посветено и во едни супстандардни услови го дава својот максимум” изјави премиерот Мицкоски.

Додека трае реконструкцијата на болницата “8 Септември” хирушките интервенции ќе се покриваат на КАРИЛ и во Клиниката Св.Наум Охридски. Надлежните смируваат дека притисокот нема да биде голем, а пациентите ќе бидат згрижени.

Пред реконструкцијата на “8-ми Септември”, владата најави дека ќе ги реновира хирушките блокови на КАРИЛ и на Клиниката за хирушки болести Св. Наум Охридски.