Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Економија

Одобрени првите кредити на компаниите од унгарскиот заем

Македонските компании пред нов инвестициски циклус. Почнуваат да легнуваат траншите од унгарскиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонските компании пред нов инвестициски циклус. Почнуваат да легнуваат траншите од унгарскиот кредит. Првите проекти се одобрени и веќе се поднесени барања до Развојната банка за префрлање на средствата. Стопанствениците се задоволни од можноста да дојдат до ликвидни средства кои ќе ги вложат во равој, проширување на производството и нови работни места. Парите доаѓаат под поволни услови – каматна стапка од 1,95%, рок на отплата ндо 15 години и грејс период до три години. Компаниите ќе може да аплицираат за кредит до 10 милиони евра, а во бизнисот кој ќе го отпочнат ќе треба да имаат учество од 20%.

Од унгарскиот кредит беа одворени 250 милиони евра за компании, 250 милиони се наменети за проекти на општините, а 500 милиони се веќе искористени за враќање на еврообврзница, стар долг наследен од претходната власт. Министерката за финансии вели дека каматата од 3.25% што сега ја плаќаме е најповолна на меѓународниот пазар и затоа се одлучиле на раздолжување на овој начин. Гордана Димитриеска – Кочоска е децидна дека со домаќинско работење јавниот долг ќе остане стабилен.

Унгарски пари легнуваат и на сметките на општините. Најголем дел од нив веќе започнаа со реализација на првите проекти.

Реклама

Но, има и такви кои се жалат дека наводно се игнорирани од централната власт.

Првиот човек на Струмица на социјалните мрежи се пожали дека Министерството за финансии доцнело со повратот на ДДВ за јавното претпријатие Струмица транспорт, но и дека доцнеле дотациите за локалната каса.

Министерката за финансии за ова вели дека Костадин Костадинов имал шанса на псоледниот состаниок со останатите градоначалници да оствари средба со неа, но не се пијавил, а ниту побарал посебна средба. Вели дека социјалните мрежи не се канал за официјална комуникација и објаснува дека средствата за кои говори струмичкиот градоначалник се предмет на контрола во УЈП и откако првоерката ќе заврши ќе бидат префрлени.