Министерката за финансии дојде на протестот на сметководителите
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска неочекувано и ненајавено дојде на протестот што го…
20.02.2025
Сподели:
Фото: Алфа Вести
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска неочекувано и ненајавено дојде на протестот што го одржуваа професионалните сметководители на кои, како што тие тврдат, им е одземено правото на работа. Таа ги покани да влезат и во архивата на министерството да ги остават сите документи. Протестот се одржа пред министерството за финансии. Сметководителите имаа можност лично да и ги пренесат барањата на министерката.