Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Фондовите на ПИОМ и на Црна Гора размената на податоците ќе ја остваруваат по електронски пат

Директорите на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија и на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Директорите на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија и на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Република Црна Гора, Никола Мемов и Владимир Дробњак потпишаа Договор за размена на податоци во областа на пензиското и инвалидското осигурување.

Со овој договор, како што беше речено, ќе се придонесе во подобрувањето на остварувањето на правата од оваа област на корисниците во двете држави. Договорот предвидува електронска размена на податоците за фактот на смрт на корисниците на правата од пензиското и инвалидското осигурување и ги регулира целта, начинот на размена, обемот и видот на податоците кои се разменуваат и управувањето со нив, како и нивната запштита.

Директорот на Фондот на ПИОСМ, Мемов рече дека ова е еден чекор напред во соработката, а таа може и во иднина да се проширува со размена на други податоци од интерес на двата Фонда.

Реклама

Директорот на Фондот на ПИО на Црна Гора, Дробњак, истакна дека е многу важно што се воспоствува ваква соработка и ја поздрави иницијативата на македонскиот Фонд за потпишување на Договорот.

Исто така беше потпишан и Технички Протокол за спроведување на Договорот, а беа назначени и контакт лица за непречена и навремена комуникација за сите прашања што ги покрива истиот.