Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Економија

Димитриеска-Кочоска на средба во Стопанската комора – Првата транша од унгарскиот заем наскоро ќе се исплати до компаниите

До крајот на овој месец се очекува да биде исплатена првата транша…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

До крајот на овој месец се очекува да биде исплатена првата транша од унгарскиот заем за поддршка на компаниите. Во дел од банките проекти веќе има одобрено и поднесено е барање за исплата до Развојната банка. Ова беше споделено на денешната средба на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во Стопанската комора на Македонија, на која се разговараше за актуелни теми и економските предизвици.

„Почнуваме серија разговори со бизнис заедницата и почнуваме денеска од Стопанската комора на Македонија. Целта е преку овие состаноци да споделиме информации за пласманот на средствата од унгарскиот заем наменет за компаниите и да решиме евентуално дилеми кои се јавуваат во тој процес“, рече министерката за финансии на средбата.

Таа додаде дека целта е средствата да бидат пласирани во цел износ, да се помогне стопанството во моментов, имајќи ги предвид случувањата на глобално ниво и да се поттикнат инвестиции, пред се одржливи кои носат развој.

Реклама

За претседателот на Комората Бранко Азески најважно е овие средства, обезбедени од Владата, да стигнат што е можно побрзо до компаниите и да почнат да се реализираат инвестициите.

Ја поздрави иницијативата за вакви состаноци на кои може да се разменат мислења за актуелни теми, но да се отворат и прашања кои ги засегаат компаниите.

На средбата се отвори прашањето за повратот на средствата уплатени од компаниите по основ на Законот на солидарен данок.

Министерката за финансии истакна дека тоа претставува голем товар врз буџетот, но посочи дека средствата ќе бидат вратени кон компаниите во рок пократок од 5 години и дека претстојат средби со компаниите на чиј предлог ќе се утврди динамиката на враќање. Со разговорите ќе се продолжи, во наредниот период ќе бидат подготвени предлози врз основа на кои ќе се разговара и ќе се решава ова прашање. Од Стопанската комора изразија разбирање за состојбата на државната каса и се подготвени на разговори и утврдување на динамиката и начинот на враќање на средствата.

Присутните заклучија дека дијалогот е можност за решавање на сите отворени прашања и дека таквиот дијалот меѓу Владата и бизнис заедницата ќе продолжи и во иднина со цел создавање подобри економски услови и економска предвидливост за работење.

Дијалогот со бизнис заедницата ќе продолжи во наредните денови и со средби со другите стопански комори и здруженија.