Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Економија

Владата не поткленува пред трговците: Одлуката за замрзнување на маржите останува на дневен ред

Ограничени цени, контролирани маржи или поинаков механизам – министрите на седница ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ограничени цени, контролирани маржи или поинаков механизам – министрите на седница ќе пресечат каква мерка ќе воведат за да поевтинат производите во маркетите.

Сите опции се во игра откако трговците формираа нова Стопанска комора и побараа итна средба со Владата. Од Илинденска не отсапуваат – брифираат дека мерки мора да има за да се заштити стандардот на граѓаните.

Од владејачката ВМРО – ДПМНЕ велат дека се размислува на два модели и ќе се донесе мерка која ќе го заштити стандардот на граѓаните

Реклама

Новоформираната комора излезе со свој предлог – листа со над 140 производи кои треба да имаат маржи од 3 до 15 проценти. Што точно содржи не откриваат. Неофицијално  предлогот е шеќерот, маслото, брашното, млекото, пилешкото месо да се со маржа од 3 проценти. За лебот, тестенините, оризот, урдата, некои сирења и кашкавали, јајцата, дел од зеленчукот и овошјето, но и за дел од средствата за хигиена се предлага маржа од 10 до 15 проценти. Предлогот е мерката да важи од 22 март до 22 април, со што би биле опфатени и празниците Рамазан и Велигден.

Сепак, Комората останува затворена за медиумите и јавноста, велат дека ќе ја чекале финалната одлука на Владата за да споделат информации.

Одлучено е да не даваме повеќе информации додека нема исход од одлуката од седницата на Влада, одговорија кратко н прашањето од Алфа дали може да ни биде доставена листата.

Инаку, Владата се одлучи да преземе мерки по сеопфатната анализа од Државниот пазарен инспекторат во која се покажа дека на одредени производи имало енормни маржи кои се движеле од 25 -35 проценти. Во темелниот извештај за изминатите шест месеци, било утврдено дека кај увозниците и дистрибутерите имало утврдено маржи и до 50 отсто.

Мерката за која се одлучи владата беше да се создаде листа од над 100 групи на производи, односно истите 73 групи кои ги имаше во есенската кошничка плус бебешката храна, средства за хигиена и останати непрехранбени производи .

Според податоците пак од државна статистика храната во јануари годинава била поскапа за 5.7 проценти во споредба со истиот месец лани.

ТЕЛОП

Храна и безалкохолни пијалаци              5.7 %

Храна                                                             5.0 %

Леб и жита                                                    2.2 %

Месо                                                               4.6%

Млеко, сирење и јајца                                 6.9%      

Масла и Масти                                              11.8%     

Овошје                                                           3.0 %

Зеленчук                                                       10.0 %