Реклама
Македонија

Почна да се рони судско-обвинителската спрега: Падна и првата оставка, Коцевски ќе чекал што ќе каже Владата

Падна првата оставка во обвинителството. Додека републичкиот обвинител Коцевски засега одбива да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Падна првата оставка во обвинителството. Додека републичкиот обвинител Коцевски засега одбива да се повлече и веројатно ќе чека да биде сменет, оставка си поднесе неговиот избор за шеф на скопското Вишо обвинителство Наташа Крстевска Цалева. Нејзинатото заминување следи само седум дена откако беше назначена од Советот на јавни обвинители, во постапка која Владата ја оцени како незаконска. За разлика од неа, Коцески ќе чекал да ги види аргументите на власта, па потоа ќе решавал што ќе прави.

  • Одлуката ја оставам на политичарите, јас строго сум работел и сè уште ќе работам согласно Законот. Ако се исполнети условите според законот за ЈО, ќе го прифатам тоа и нека ме разрешат. Но доколку не се исполнети условите согласно Законот за јавно обвинителство, јавноста ќе цени дали ќе бидам разрешен на законит или незаконит начин“ – рече Коцевски.

Назначувањето на Крстевска Цалева, беше една од причините поради кои се бара разрешување на Коцевски. Поставување на заменик во скопското Вишо на местото на суспендираниот обвинител Мустафа Хајрулихи, според Владата било направено на незаконит начин и затоа ја започна процедурата за негово разрешување. Коцевски е изнанеден од одлука на Крстевска-Цалева, која со само една реченица од своето образложение, бара обвинителскиот совет да ја земени со некој поискусен обвинител.

  • Со оглед на тоа дека штотуку сум дојдена, пред три месеци, во Вишото јавно обвинителство Скопје, и имам потреба да се фокусирам на работата на предметите, молам да бидам ослободена од оваа обврска која подобро би одговорил јавен обвинител со поголемо работно искуство“ неведува Крстевска Цалева во својата молба.

Републичкиот обвинител тврди дека не му се пожалила на никакви притисоци, а не знае ниту пак кои се вистинските причини да не ја сака раководната позиција.

Реклама
  • „Поради нарушените меѓуљудски односи, ценев дека најцелисходно е истата ги врши одредените работи во Вишото јавно обвинителство-Скопје. Тоа не е в.д. туку обвинител кој ќе потпишува пошта, ќе распределува и ќе врши тековни работи. Следи извештај, завршна сметка. Мора некој јавен обивнител да врши определени работи. Целта ми беше тие меѓуљудски односи да се ускладат“, додаде Коцевски.

Обвинителскиот совет пак, си остави време до следната седница за да пресече дали ќе ја прифати оставката на Крстевска Цалева.

  • „Пристигната е молба, или барање, така е насловено, од вишиот јавен обвинител кој е определен да ракводи со тоа Јавно обвинителство додека трае одалечувањето на вишиот јавен обвинител. Ги запознав членовите на денешната седница, доставено е до нив, и на наредната седница ќе одлучиме “ Димитриевска.

Според Владата, Коцевски треба да биде разрешен заради низа скандали, нарушена функционалност, корупција и нарушени меѓучовечки односи во Јавното обвинителството. Имало и сомнежи за пристрасно постапување и судир на интереси во предмети за кои тој не се изземал. Сепак како најголем грев, за кој има основа за разрешување е прекршувањето на законот во случајот со назначувањето на нов шеф на скопско Виштото обвинителство.