Реклама
Македонија

Омекнува ли ставот на ЕУ за уставните измени? – Брисел подава рака да помогне во разговорите помеѓу Скопје и Софија

Брисел подава рака да помогне во разговорите помеѓу Скопје и Софија. Иако…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Брисел подава рака да помогне во разговорите помеѓу Скопје и Софија. Иако евроамбасадорот Михалис Рокас порача дека уставните измени се чекорот напред кој треба да се направи на патот кон европското семејство, неговата реторика дека ЕУ може да помогне во разговорите меѓу двете влади, влева надеж дека омекнува ставот на блокот. Шефот на мисијата на ЕУ во Македонија е дециден дека тие се партнер од доверба на земјава и дека мора заедно да се работи за да се забрза евроинтегративниот процес.

Живееме во извонредни времиња, мислам дека имаме пред нас е значајна работа. Се наоѓаме во времиња кога немаме друг пат освен кон обединета Европа. Да станеме посилни како Унија и на економска основа, и на безбедносен план, со тоа што ќе се вклучат сите таленти, и од Македонија да се искористат сите придобивки кои може да ги понуди еден обединет континент. Тоа што сега е значајно како ќе го спроведеме ова, има политички прашања кои сите ги знаеме и не можеме да се движиме нанапред, но имаме охрабрување затоа што може да се разговара меѓу двете влади, еве првиот чекор е направен, првите контакти се остварени. Има желба од ЕУ да помогне во овој процес и да се опфатат сите предизвици со кои ќе се соочиме, вели Рокас.

Оваа изјава на Рокас доаѓа по билатералната средба на министрите за надворешни работи на Македонија и Бугарија, но и по настапот на премиерот Христијан Мицкоски кој од Минхен порача дека Македонија е жртва на непринципиелни услови од соседите и вештачко создадени проблеми, и дека очекува поголема поддршка од ЕУ.

Реклама

Во Македонија постои оправдана разочараност од односот на ЕУ вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен министeр за надворешни работи, Милошоски. На прашањето какви гаранции би можела Македонија да бара од Бугарија, ЕУ и САД, дециден е дека не може да се согласиме на процес без јасно видлива цел.

Превземената обврска на претходната влада, доколку има можност да се менаџира, би било рационално истата да се менаџира со предвидливост на патот до конечната цел а тоа се европските интеграции. Во Македонија постои реално оправдана разочараност од односот на ЕУ. Веќе еднаш имавме уставни измени за името, и лошите искуства се доволно силни аргументи, Македонија со право да побара одредена извесност за патот кон ЕУ, бидејќи гледаме дека ЕУ не говори со еден глас. Нема сериозна визија за Западниот Балкан и времетраењето на зачленувањето и проширувањето на овие земји, вели Милошоски.

Според претседателот на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ Македонија треба да работи посветено на изнаоѓање решенија и од Европската Унија да бара модалитети коишто ќе гарантираат пообјективен и попредвидлив процес на преговорите.

Уставни измени како услов за отпочнување на преговорите со ЕУ  поддржуваат 20 проценти од испитаниците во анкетата што од октомври до декември 2024 ја спровеле Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) во соработка со Фондацијата „Конрад Аденауер“-Скопје за анализа на перцепцијата на јавноста во однос на европската интеграција.. Треба да знаеме и дека противење кон нив по секоја цена и повторување на неправдата која нам ни е нанесена, исто така, не може да ни донесе многу добро, особено во овој суров геополитички момент каде што секој ги гледа своите интереси, смета Трошановски.

Премиерот јасно им даде до знаење на Европејците дека Македонија со години прави отстапки и е многу далеку од европското семејство, што поради непринципиелните услови за напредок, што поради уцените од соседите. Ги потсети и дека иако земјава има целосна усогласеност со европската регулатива и дава поддршка на Украина по руската агресија, челници во ЕУ не говорат гласно кога се негира македонскиот идентитет, онака како што реагираат кога се напаѓа украинскиот што укажува на двојни стандарди.