Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Петрушевски: Љупчо Коцевски нема реализација, молчеше додека криминал му се случуваше пред очи во време на СДСМ

Љупчо Коцевски нема реализација, молчеше додека криминал му се случуваше пред очи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Љупчо Коцевски нема реализација, молчеше додека криминал му се случуваше пред очи во време на СДСМ, а сега им купува време, истакна на денешната прес конференција пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.

Љупчо Коцевски како шеф на Јавното обвинителство не најде за потреба да отвори предмет против Артан Груби додека беше на власт, иако целата јавност и медиумите гласно зборуваа за сомнежите за криминал.

Коцевски не мрдна со прст ниту за криминалите во РЕК Битола и ЕСМ, каде милиони евра народни пари се испумпаа преку матни тендери.

Реклама

Додека СДСМ ја ограбуваше државата, Љупчо Коцевски молчеше.

Тоа што граѓаните имаат само 2% доверба во правосудството е вина и на Коцевски, зошто со ништо не допринесе тоа да не биди така, или да се подобри, напротив уште повеќе ја влоши состојбата.

Љупчо Коцевски како шеф на Јавното обвинителство молчеше додека СДСМ ги крадеше институциите

Сега откако Коцевски доби одврзани раце да постапува, и беше дадена целосна поддршка од институциите, тој на секој начин се обиде да ги развлече постапките.

Македонија заслужува обвинителство кое ќе работи во интерес на граѓаните. Шефот на Јавното обвинителство треба да биде човек со интегритет, а не лице послушник, рече Петрушевски.