Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Македонија

Mинистерот Мисајловски ќе учествува на состанокот на Советот НАТО – Украина

Во седиштето на НАТО во Брисел, министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во седиштето на НАТО во Брисел, министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска присуствуваше и се обрати на состанокот на Северноатлантскиот совет на Алијансата на кој присуствуваа министрите за одбрана на сите 32 сојузници.

На состанокот министерот за одбрана се осврна на повеќе теми при што ја потврди намерата на нашата земја за континуирано вложување на 2 проценти од бруто-домашниот производ во одбраната што ја позиционираше нашата земја меѓу две третини од сојузничките земји кои ја имаат исполнето оваа заеднички донесена одлука во НАТО.

Министерот даде полна поддршка и во зацврстувањето на концептот за одбрана и одвраќање на НАТО преку исполнувањето на дефинираните цели на способности и континуираното вложување во модернизација и опремување. Тој истакна дека за оваа намена се одвоени над 32 проценти од македонскиот одбранбен буџет за 2025 година или над 106 милиони евра. Додаде дека НАТО треба да продолжи да работи заедно со Европската Унија на развој на одбранбените капацитети и се осврна и на македонскиот придонес кон колективната одбрана на НАТО.

Реклама

Министерот му упати честитки на Пит Хегсет за преземањето на функцијата секретар за одбрана на САД.  Во попладневните часови, министерот Мисајловски ќе учествува и на состанокот на Советот НАТО – Украина.