Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

За СДСМ падот на индексот за корупција е поради неисполнетото ветување за борба против корупцијата

Интересно е што иако нивните политики и скандалите поврзани со нивните функционери…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Интересно е што иако нивните политики и скандалите поврзани со нивните функционери се тие што доведоа до пад на индексот, опозициската СДСМ удри по Владата дека таа не го исполнила ветувањето за борба против корупцијата и на тоа се должел падот.

„Со падот на два поени и рангирањето на 88. место, граѓаните јасно покажуваат дека немаат доверба во нивните политики и дека корупцијата е полоша од кога било. Резултатите од извештајот на „Транспаренси Интернешнл“ се уште еден доказ за неспособноста и неуспехот на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Македонија бележи катастрофален пад од 12 места во индексот за корупцијата за 2024 година, што e прво назадување од 2019 г.“, велат од СДСМ.

Инаку, индексот на „Транспаренси“, ја мери перцепцијата на граѓаните за тоа колку корупција има, така што ако има повеќе скандали и афери, толку повеќе ќе се зборува за корупцијата. Индексот не е поврзан со тоа колку е успешна власта во борбата против корупцијата, туку колку се зборува за оваа појава. Главните афери кои се појавија минатата година се поврзани со минатата власт и со случувањата во сдуско-обвинителскиот систем, а не со новата Влада.