Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Македонија

Муртезани: Довербата во институциите се гради со интегритет, транспарентност и отчетност

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска го отвори настанот „Заштита на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска го отвори настанот „Заштита на јавните финансиски интереси на инфраструктурни проекти финансирани од ЕУ“, кој се одржува во Маврово во организација на УНОПС.

Во своето обраќање, министерот ја нагласи клучната улога на довербата во институциите, владеењето на правото и одговорното управување со јавните финансии.

„Довербата не се дава, таа мора да се стекне и да се заштити преку транспарентност, отчетност и непоколеблив интегритет. Затоа сме денес овде,“ истакна Муртезани.

Реклама

Тој ја потенцираше важноста на соработката меѓу институциите за да се осигури дека инфраструктурните проекти финансирани од ЕУ се реализираат со највисоки стандарди на интегритет.

„Со одобрувањето на нашата реформска агенда, Македонија доби пристап до над 750 милиони евра преку Инструментот за реформи и раст на ЕУ – значајна можност, која истовремено бара строг финансиски надзор. Европската комисија јасно стави до знаење: напредокот во борбата против корупцијата не е опција – тоа е неопходност,“ нагласи министерот.

Министерот подвлече дека инфраструктурните проекти се од витално значење за развојот на државата, но без силни антикорупциски механизми, тие ризикуваат да станат симбол на изгубен потенцијал.

Во овој контекст, Министерството за европски прашања останува посветено на зајакнување на институционалната соработка, финансискиот надзор и пристапот со нулта толеранција кон корупцијата.

„Нашиот пат кон Европската Унија е, пред сè, пат на доверба. Изборите што ги правиме денес ќе ја дефинираат нашата иднина. Мораме да се погрижиме дека нашето наследство е кредибилитет, отпорност и добро владеење,“ заклучи министерот.

На настанот присуствуваат претставници на Владата, Европската Унија, домашните институции, како и меѓународни експерти од областа на финансискиот надзор и управувањето со јавните средства.