Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Македонија

238 санкции за пребрзо возење вчера во Скопје, вкупно 530 санкционирани возачи

Продолжуваат засилените мерки во сообраќајот на подрачјето на главниот град. Од извршените…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Продолжуваат засилените мерки во сообраќајот на подрачјето на главниот град. Од извршените 1.195 контроли, полициски службеници на 09.02.2025 констатирале вкупно 530 прекршоци, од кои 493 по Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и 37 по Законот за возила.

Притоа, најголемиот број санкции по Законот за безбедност на патниот сообраќај се однесуваат на непочитување на брзината на движење, односно 238 биле санкционирани за возење со брзина поголема од пропишаната. Биле преземени 43 мерки за возење без возачка дозвола и 51 санкции за некористење сигурносен појас.

За непрописното паркирање биле преземени мерки против 69 возачи, 10 возачи управувале возило под дејство на алкохол, регистрирани се четири случаи на минување на црвено светло, на седум возачи изречени се прекршочни санкции за користење мобилен телефон, а во пет случаи се преземени мерки против прешаци.

Реклама

По однос на Законот за возила, евидентирани се девет нерегистирани возила, како и 12 технички неисправни возила.

Засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредните денови на целата територија на државата. Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот за максимално почитување на сообраќајните правила и прописи и на тој начин сите заедно да придонесеме за посигурни патишта.