Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Првата училишна спортска сала во Хром станува реалност

Општина Ѓорче Петров продолжува со успешно реализирање на проектот за изградба на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Ѓорче Петров продолжува со успешно реализирање на проектот за изградба на првата училишна спортска сала во населба Хром. Денес, на терен, се поставуваат челичните решетки од кровната конструкција, што претставува еден од клучните чекори во завршувањето на овој долгочекуван објект.

„Ветувањето дадено пред жителите на Хром, денес е во процес на реализација,“ изјави градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски. За првпат во историјата на оваа населба, учениците ќе добијат услови за спортски активности во модерна и опремена сала, која досега им беше недостапна.

Проектот за изградба на спортската сала ќе обезбеди не само простории за физичко образование, туку и гардеробери, санитарии и хортикултурно уредување на околниот простор. Со вкупна инвестиција од 19.730.131,00 денари со ДДВ.

Реклама

До сега, околу 40% од работите се успешно реализирани, вклучувајќи завршени темели и армирано-бетонски греди, што овозможи поставување на кровната конструкција. Овој проект е само еден во низата на значајни инвестиции на Општина Ѓорче Петров, кои ја потврдуваат посветеноста на градоначалникот Стојкоски во подобрувањето на условите за живот и образование во општината.
Покрај изградбата на спортската сала, Стојкоски најави дека во подготовка е и проектот за доградба на училиштето, кој ќе обезбеди услови за едносменска настава – уште една важна иницијатива која ќе ја подобри образовната инфраструктура.

„Продолжуваме да работиме за иднината на нашите деца. Секоја инвестиција во образованието е инвестиција во подобра иднина за целата заедница,“ додаде тој.

Со оваа инвестиција, Хром не само што добива спортска сала, туку и дополнителни можности за напредок во образованието на децата.