Реклама

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

Страотни пожари во Албанија и Црна Гора: Големиот пожар кај популарниот Херцег Нови стигна до куќите во градот

Македонија

Николоски: Денеска тргнува првиот воз од Скопје кон Куманово

Вицепремиерот и министар за транспорт, Александар Николоски објави дека денеска од Скопје…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вицепремиерот и министар за транспорт, Александар Николоски објави дека денеска од Скопје кон Куманово ќе почне да сообраќа првиот воз, со што ќе биде олеснета комуникацијата меѓу овие два града.

„Денеска сме во Македонски железници Транспорт за да соопштиме една убава вест, нештои што го ветивме денеска ќе се реализира. Денеска тргнува првиот воз од Скопје за Куманово, тоа го ветивме на отварањето на железничката прга Куманово-Бељаковце, и еве од денеска е вистина. Во 16:30 часот ќе тргне првиот воз од Скопје за Куманово, патувањето ќе трае 41 минута, двапати дневно ќе оперира, наутро во 06:30 ќе тргнува од Куманово, за да можат сите оние кои им е потребно за да дојдат во главниот град, дали е за работа, дали е за други потреби кои што ги имаат и истиот воз во 16:30 ќе се враќа назад кон Куманово и секако во обратна насока кон Скопје“, изјави вицепремиерот Николоски и додаде:

„Ќе имаме четири воза дневно кои што ќе оперираат за 41 минута, ќе се согласите сите навистина брзо. Од центар на Скопје до центар на Куманово ќе се патува за 41 минута, што многу ќе ја олесни комуникацијата помеѓу овие два града, ќе олесни комуникација за сите жители на Скопје кои што имаат потреба, работа или сакаат да го посетат Куманово, и секако ќе помногне на многу кумановци кои што доаѓаат тука, дали за работа, дали за образование, дали за здравствени потреби, административни потреби или едноставно доаѓат да поминат дел од своето слободно време, така што овој воз навистина многу ќе помогне во комуникацијата меѓу Скопје и Куманово, ќе го намали загадувањето, затоа што ќе се намали сообраќајот, се се намали и гужват во сообраќајот и најбитно точно ќе знат луќето кога треба да пристигнат, со цел точно да можат да ги завршуваат своите работи“, изјави додаде Николоски.