Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Македонија

МВР „го тресе“ МВР: Под лупа началници заради злоупотреби со тендерите за сервисирање на возилата

Голема акција во МВР. Се претресуваат началници заради злоупотреби со тендерите за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Голема акција во МВР. Се претресуваат началници заради злоупотреби со тендерите за сервисирање на службените возила.

Имено, вработени во бирото за јавна безбедност вршат претреси и кај познати автосервиси. Веќе подолго време во МВР има гнев меѓу вработените во однос на достапноста на службените возила за секојдневните обврски – некои организациски единици останувале без службените возила со месеци, а откако биле известувани да си ги подигнат возилата наводно исправни, гледале дека нема промени и повторно ги враќале на сервисирање.

Вработените се сомневаат во исполнувањето и контролата на меѓусебните обврски на МВР и сервисите, што за нив е очигледна корупциска зделка. Има сознанија дека економските оператори во соработка со поедини надлежни и одговорни лица од МВР договарале како повторно да добијат нови милионски тендери. Со денешната акција за прв пат во историјата на јавните набавки во Македонија имаме случај на спречен обид за потпишување на нов договор за јавна набавка штетен по една институција.

Реклама

„Нема да биде како до сега! Ќе сноси одговорност секој, без разлика дали е полицаец, началник или кој било друг. Законите важат и ќе важат за сите“, изјави неодамна Панче Тошковски, министерот за внатрешни работи.