Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Владата ја почна процедурата за вториот повик за доделување на 250 милиони евра за проекти на општините

Владата одвојува 15 милијарди денари за општините – наскоро се отвора вториот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата одвојува 15 милијарди денари за општините – наскоро се отвора вториот јавен повик за проекти на локалните самоуправи. Парите ќе се користат за изградба на училишта, спортски сали, градинки, водоводни и канализациони мрежи, инфраструктурни проекти. Премиерот Мицкоски ги задолжи ресорните министерства да  утврдат критериумите според кои градоначалниците ќе може да аплицираат за овие пари преку Министерството за локална самоуправа.

 „До 15 милијарди денари ќе биде вредноста на овој втор повик. Но, тоа не подразбира дека сите овие средства ќе бидат потрошени во тековната фискална година. Ќе повторам за да нема забуни во јавноста, можно е некои проекти да влезат и во три годишни буџети, и во 2025-та и во 2026-та и во 2027-та. Некои проекти да бидат само во 2025-та, некои да бидат и во 2025 и во 2026. Но, вкупниот волумен на средства со кои што ќе се финансираат проектите од овој втор повик, за којшто денеска отпочнавме процедура на редовна владина седница, е до 15 милијарди денари“, нагласи Мицкоски.

Историски најголемата инвестиција на централната власт во единиците на локалната самоуправа директно ќе влијае на подобар живот и повисок стандард – се согласија Мицкоски и Перински. Министерот за локална самоуправа најави олеснети условите за вториот повик во поглед на рокот за поднесување, кој е до 30 април. Проектите ќе ги оценува владиното координативно тело под палката на Министерството за локална самоуправа, во кое учествуваат претставници од сите ресорни министерства.

Реклама

Продолжуваме со реализацијата на ветената поддршка на општините, а ќе го објавиме следната недела. Од првиот повик поддржани се 288 проекти во 78 општини, во висина од 4,5 милијарди денари. Веќе е започната изградба на градинки, улици, водоводи и канализациони мрежи, рече Перински.

Прашан за амбицијата да биде кандидат за градоначалник на Скопје на Локалните избори Перински уверен дека може да одговори на предизвикот бидејќи како што рече имал визија и план како Скопје да се трансформира во европска метропола. Сепак, последниот збор ќе го имаат претседателот и извршните тела на ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски најави дека имињата на кандидатите за градоначалници на локалните избори оваа есен, ќе се знаат во втората половина на мај.