Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

Ѓорѓиевски: Скопје го добива најголемиот ритејл парк, во Кисела Вода

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денес изврши увид во реализацијата на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денес изврши увид во реализацијата на новата капитална инвестиција во индустриската зона Пинтија, во близина на Стаклара, на површина од 35.000 м². Изградбата на Home Retail Park – првиот ваков трговски парк во Македонија, е проект вреден 15 милиони евра. Ќе обезбеди 20.000 м² модерен комерцијален простор, создавајќи можности за вработување на околу 300 лица и значајно заживување на локалната економија.

Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека оваа инвестиција е потврда за зголемената доверба на инвеститорите во општина Кисела Вода, благодарение на транспарентното и законско работење на новото раководство.

-Изградбата на Home Retail Park претставува значаен економски импулс за нашата општина. Вложувањата од ваков обем го потврдуваат фактот дека Кисела Вода станува сè попосакувана дестинација за бизнисите. Овој проект не само што ќе создаде 300 нови работни места, туку и ќе придонесе кон развојот на оваа индустриска зона, подобрувајќи ги условите за живот и работа во нашиот град-изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.

Реклама

Home Retail Park ќе биде единствена локација каде што граѓаните ќе можат да најдат сè што им е потребно за својот дом – од мебел, домашни апарати и декорации, до градинарска и бањска опрема. Покрај тоа, ќе располага со модерни кафетерии и ресторани, како и 600 паркинг места за посетителите, создавајќи комплетно шопинг искуство.

Генералниот директор на инвеститорот, компанијата Голден Арт, Ивица Јаќимовски, нагласи дека оваа инвестиција значително ќе придонесе за подобрување на животниот стандард и економскиот раст.

-Home Retail Park ќе стане новиот центар за паметно купување, место каде семејствата ќе можат да го уредат својот дом на наједноставен и најудобен начин. Ова е инвестиција во иднината, во подобар начин на живеење и во развојот на локалната економија- изјави Јаќимовски.

Со оваа инвестиција, Кисела Вода добива уште една значајна стопанска и урбана придобивка, а отворањето на Home Retail Park е предвидено до крајот на 2025 година.