Реклама
Македонија

Лефков: Штаб на СДСМ сместен во куќата на судијката која го спасила возачот убиец од затвор за дрога

Судијата Даниела Алексовска Стојановска која требало да биде непристрасна и без партиски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Судијата Даниела Алексовска Стојановска која требало да биде непристрасна и без партиски влијанија, не само што во нејзината кариера била пристрасна и работела по налог на СДС, туку во нејзиниот дом го сместила и општинскиот штаб на СДС во Ранковце, кажа денеска на прес конферанција Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Близината на судијката Даниела Алексовска Стојановска со СДС се гледа не само по нејзините пресуди против ВМРО-ДПМНЕ, туку и по тоа што на истите им отстапила простор за партиски штаб“, рече Лефков.

Реклама