Реклама
Македонија

Васил Јованов користи мобилен телефон во притвор во Шутка, Пандов најави истрага

Од попладнево по социјалните мрежи кружи фотографија од Васил Јованов од притворското…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од попладнево по социјалните мрежи кружи фотографија од Васил Јованов од притворското одделение со мобилен телефон во рацете. Тој е осомничен за предизвикување сообраќајка со смртни последици каде животот го загуби 22-годишната Фросина Кулакова и користење на мобилен во затворот никако не му е дозволено.

Директорот на управата за извршување санкции Александар Пандов за телевизија Алфа, вели дека мобилниот телефон веднаш му е одземен, извршен е претрес во сите ќелии и осомничениот Јованов е преместен во посебна ќелија. Пандов најави дека следува истрага и санкции за корумпираните службеници кои што му го дале мобилниот телефон.

Од семејството бараат секторот за внатрешна контрола во МВР да го пронајде одговорниот што го снабдил со мобилен Јованов.

Реклама

-Дали ќе се дозволи корупцијата што ја уби сестра ми и понатаму да владее, чие дете е следно?, праша Росица Кулакова сестра на трагично загинатата Фросина. Фотографијата од јованов ја објави порталот Буревесник, а го фотографирал некој друг во затворот исто така со мобилен телефон. За утре во 17 часот се најавени протести на булеварот „Партизански одреди“, на местото каде што беше прегазена Фросина Кулакова.