Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Економија

Отчет на Димитриеска-Кочоска: Нови инвестиции и економски поттик во Македонија

Од следната недела македонските компании може да влезат во нов инвестициски циклус.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од следната недела македонските компании може да влезат во нов инвестициски циклус. Првите транши поволни финансии обезбедени од унгарскиот кредит ќе бидат ставени на располагање. Се финализираат договорите со комерицијалните банки кои ќе ги распределуваат парите. Министерката за финансии објаснува дека средставата ќе може да се користат за зголемување на производството и продуктивноста, за нови објекти и погони, но не и за рефинансирање на постоечките кредити. Банките ќе го имаат последниот збор кој колку ќе добие. Се ќе зависи од квалитетот на бизнис планот.

„Ризикот е кај банките. Државата не презема ризик. Кога ризикот е кај банките, банките одлучуваат кому ќе даваат кредити, дали компаниите имаат уредни бизнис планови, издржани проекти. Државата ниту може ниту смее да се меша во тој дел“ вели Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии

Надлежните очекуваат дополнителен поттик на економијата и преку капиталните инвестиции односно вложувањата во инфраструктурата. Гордана Димитриеска – Кочоска вели дека конечно успеале да ги деблокираат проектите кои ги затеканле. Дека за изградба на новите автопати иако биле испалтени огромни аванси, немало завршено експропријација а немало ни дефинирана траса и дека ова полека се надминува.

Реклама

„Нема исцртана траса, најголемиот проблем на тој проект е што нема траса. Сега се дефинира. Министерот за транспорт ден и ноќ работи, навистина има големо раздвижување. Врз основа на тоа што тој го работи има и раздвижување кај нас. Кога ќе знаеме точно каде е трасата ќе знаеме и колку експропријација треба да се заврши“ вели Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии

Министерката за финансии заедно со првите луѓе на сите институции под нејзина надлежност даде отчет за сработеното шест месеци откако влезе во кабинетот. Вели дека минатата година завршила успешно и покрај сериозните наследени проблеми – буџетскиот дефицит бил намален, наплатата на даноци придонеси била зголемена, јавниот долг бил стабилизиран и целокупните финансии на државата полека се доведувале во ред.

Давид Крстевски