Реклама

Тв Алфа ја посети Зоолошката градина по крвавиот случај со волците

Пренатрупаност, несоодветни материјални услови и здравствена заштита во затворите

Венецуела ден по разорните земјотреси- бројот на жртви расте, се бараат преживеани под урнатините

Бугарија има системска стратегија од 1968 година за рушење на македонскиот идентитет

Отчет на Мицкоски за две години влада: Економијата заздравува и расте

Со над 120 македонски уметници ќе се одбележат 35 години независност

Во вторник ќе се знае новиот владин кабинет: Некогаш реконструкција се прави промена на приоритетите

Алиу: За околу три недели ќе бидат објавени повиците за аплицирање за средства од програмата EU4Health

Алиу: Во политиката сум да променам нешто

Љутков: Две години процес на стабилизација, обнова и развој на културата и туризмот

Митева: Човек кој зад себе има огромни скандали и криминални состојби како Филипче, не може барањата за правда да ги претставува како закана

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот создава услови за поголеми инвестиции и поефикасна реализација на капиталните проекти

Економија

Народната банка и ОПМ ја продлабочуваат соработката за заштита на потрошувачите корисници на банкарските услуги

Народната банка и Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ) ја прошируваат својата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Народната банка и Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ) ја прошируваат својата соработка заради понатамошно унапредување на заштитата на потрошувачите корисници на услугите на банките и штедилниците. Со потпишувањето на Анексот на Меморандумот за соработка, двете институции дополнително се обврзуваат да вршат размена на искуства, знаења и стручна поддршка во сферата на колективната заштита на правата и интересите на корисниците на финансиските услуги. Документот го потпишаа гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и претседателката на ОПМ, Маријана Лончар-Велкова.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска нагласи дека заштитата на потрошувачите е еден од приоритетите на Народната банка, како и дека банката редовно презема активности во оваа област, преку унапредување на регулативата и преземање мерки. „Пред три години се формира посебна Дирекција за заштита на потрошувачите и финансиска едукација и за првпат се започна со целни контроли во банките насочени кон заштита на корисниците на банкарските услуги. Воедно, Народната банка постојано работи и на унапредување на правната рамка во доменот на заштитата на корисниците на банкарските услуги, при што во напредна фаза е донесувањето соодветни измени во Законот за банките“, посочи гувернерката и ја истакна и улогата на финансиската едукација којашто ја спроведува Народната банка за заштитата на потрошувачите.

Претседателката на ОПМ, Маријана Лончар-Велкова, истакна дека продлабочувањето на соработката со Народната банка е значаен чекор кон унапредување на правата на потрошувачите.

Реклама

„Особено е важно што со овој меморандум се предвидува спогодбено решавање на споровите доколку голем број потрошувачи се оштетени од исти даватели на финансиски услуги над кои надзор врши НБРМ. Народната банка и ОПМ заеднички ќе работат на унапредување на правната регулатива и доследно применување на прописите“, истакна Лончар-Велкова.

Во завршницата на средбата, Ангеловска-Бежоска и Лончар-Велкова ја потврдија заемната подготвеност за спроведување на заедничките активности, приспособени на актуелните предизвици и потреби на потрошувачите.