Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Два лека од биолошката дефицитарна терапија од денеска се на клиниката за онкологија

Пристигна дел од биолошката терапија на клиниката за онкологија. Лековите кои ги…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пристигна дел од биолошката терапија на клиниката за онкологија. Лековите кои ги немаше околу две недели етапно се дистрибуираат во болничката аптека. Анексите на договорите се потпишани и се очекува оваа и почеток на другата недела сите дефицитарни лекови да бидат достапни за онколошките пациенти вели директорот на клиниката. Медикаментите се доставуваат дел по дел затоа што добавувачот нема на залиха од потребните лекови. Стојковски уверува дека и сега пациентите не се оставени на цедило, голем дел од нив ја примаат биолошката терапија.

Годинава буџетот на Клиниката за онкологија ќе биде значително зголемен – од Фондот за здравство велат некои од лековите што недостасуваат во иднина ќе бидат зголемени за двапати. Недостасуваа шест биолошки лека. Надлежните велат – зголемениот број на болни од карцином довел до овој дефицит.

И додека болните се соочуваат со недостиг на терапија, нивните најблиски се жалат и за тоа што пациентите се осудени да патуваат по стотици километри дневно за да ја примат терапијата. Бараат надлежните да изнајде решение и кончено да се децентрализираат онколошките амбуланти.  

Реклама

Клиниката е во фокусот на јавноста веќе две години по избивање на скандалот со препордажба на биолошки лекови. Истрагата од Обвинителството се уште е во тек.