Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Економија

Локалната власт во Штип планира 9 проекти вредни 6,5 милиони евра од унгарскиот кредит

Нов мост на река Брегалница, сообраќајни решенија за рестеретување на централното градско…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нов мост на река Брегалница, сообраќајни решенија за рестеретување на централното градско подрачје, реставрација и осветлување на тврдината Исар, картинг во штипско Ново Село, пробивање и изградба на нова улица до болницата. Ова се само дел од проектите со кои Општина Штип, ќе аплицира на вториот повик за искористување на средствата од унгарскиот кредит.

„ Нова платформа со која ќе се обезбедат 40дополнителни паркинг места. Се планира нова градинка, Скада системот за да се намали губитокот на вода што го има ЈП Исар. Знаете, губитокот на вода е околу 60% и на овој начин ќе се рационализират трошоците што ги има претпријатието„ изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

Вредноста на сите девет проекти со кои општината ќе аплицира на вториот повик кој ќе биде распишан во февруари, се во вредност од околу шест и пол милиони евра. Реализацијата на овие капитални инвестиции на градот ќе му дадат забрзан развој, но и модерен и урбан лик, објаснува Јорданов.

Реклама

  „Навистина, тоа ќе биде една развојна компонента која ќе овозможи развој на нашиот град, но и довршување на сите започнати капитални проекти од претходната година. Овде би ги набројал булеварот„Партизанска”, спортскиот центар „Џексон”, обиколницата којашто верувам дека во наредните недели ќе стартува да се гради. Ова се проекти кои ќе додадат вредност во нашиот град„ изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

На првиот повик за искористување на пари од унгарскиот кредит, Штип аплицираше со проект изградба на обиколница, во вредност од 2милиони евра. Истата треба да ги поврзе влезовите на Штип од Струмица и Скопје. Ќе биде во должина од речиси 3километри и широка 13метри. Ќе се гради по сите европски сообраќајни стандарди и според планот, треба да биде готова за една година.

Александра Ристевска