Реклама
Македонија

Триесетдневен притвор за Раде Трајковски – Штекли и другите припадници на криминалната група

Судот одреди притвор за членовите на криминална група осомничени за неовластена трговија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Судот одреди притвор за членовите на криминална група осомничени за неовластена трговија со дрога, по предлог на Обвинителството.

Одреден беше 30-дневен притвор на девет лица, меѓу кои и за Раде Трајковски – Штекли, познато име во скопското подземје. Еден доби мерка куќен притвор, а судот го прифати предлогот за притвор и за две лица кои се уште се во бегство. Мерката ќе се спроведе веднаш штом бидат уапсени.

Според соопштението на судот, притворот е одреден поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоците и ризик од повторување на делото.

Реклама

Во акцијата спроведена вчера полицијата изврши претреси во Скопје и Гевгелија. Притоа, беа запленети околу 10.000 евра, четири возила, десетина мобилни телефони, пиштол, наркотична материја и опрема за производство и пакување на дрога. Овие предмети ќе бидат дел од доказниот материјал.

Осомничените се товарат за кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги“.

Раде Трајковски – Штекли бил уапсен во близина на хотел во Гевгелија, наводно додека се подготвувал за бегство. Тој е познат член на скопското подземје, а во минатото преживеа три обиди за атентат.