Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

На ДУИ почна да им смета и Вевчанскиот карневал: Бил опасна провокација за мирот и стабилноста!?

И не е само инспекцискиот надзор. На ДУИ почна да им смета…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

И не е само инспекцискиот надзор. На ДУИ почна да им смета и Вевчанскиот карневал, кој според нив бил опасна провокација за мирот и стабилноста.

Партијата на Ахмети преку соопштение најостро го осудува, како што велат, неприфатливиот чин на исмејување и сатиризирање на обидот за атентат врз Зијадин Села, што се случило за време на Вевчанскиот карневал.

Од партијата велат дека „ова е тешко нарушување на човечкото достоинство и опасна провокација за мирот и социјалната стабилност“.

Реклама

„Незамисливо е ваков сериозен настан, кој шокираше многу граѓани и зад себе остави сериозни последици по животот на поединци, да биде искористен како предмет на потсмев и омраза на јавен настан. И покрај тоа што овој чин се случи пред очите на институциите и јавноста, никој не реагираше, не осуди, ниту презеде мерки за да се спречи нормализирање на омразата и насилството“, велат од ДУИ, од каде бараат итна и силна реакција од сите надлежни институции за да се погрижат, како што наведуваат, ваквите грди дела да не се толерираат ниту да останат неказнети.

Инаку, Вевчанскиот карневал е познат по својата сатирa и маски, кои преку хумористични сцени ја прикажуваат, разоткриваат и исмејуваат актуелната политичка ситуација во Македонија, но и во светот. Од секогаш маските и сцените биле провокативни, но досега никој не се осудил да бара институциите да реагираат поради ваквиот хумор. Во исто време, маските на крајот симболично се палат, а не влегуваат како експонати во музеј.