Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Економија

Рекорден буџет за образованието во Mакедонија

Рекорден буџет за министерството за образование во 2025 година. Владата за финансирање…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Рекорден буџет за министерството за образование во 2025 година. Владата за финансирање на образованието и науката одвои  над 600 милиони евра  ( 617 886 178), што според министерката Јаневска е најмногу досега. Годинава се предвидени повеќе пари за капитални инвестиции, повисоки плати за наставниците и професорите како и за вработените во високообразовните институции. Министерството ќе ги реконструира дел од училиштата кои се оставени во субстандардни услови и ќе вложува во квалитетот на образованието за да нема веќе задоцнети ученички генерации.

„Годинашниот буџет е за 6 милијарди денари поголем од првичниот во 2024. Зголемени се блок дотациите за сите општини за 1,5 милијарди денари, затоа што е најавено покачување на платите на вработените во училиштата и тоа за 7% од месец март. Повисоки плати од месецов добиваат и вработените во високообразовните установи и тоа наставниот кадар за 14%, а ненаставниот за 8%“, кажа министерката Јаневска.

Министерството одвојува повеќе пари за студентите, односно се издвојуваат речиси 30 милиони евра (1,8 милијарди денари ) наместо досегашните 22 милиони евра ( 1,4 милијарди денари). Покрај зголемување на висината на студентскиот оброк, бесплатниот јавен превоз, ќе се реконструираат и студентските домови за да се обезбедат достојни услови за студентите, а се издвојуваат и повеќе пари за ученичкиот стандард.

Реклама

Два дома веќе се реконструираат и ќе се завршат до крајот на годината, а целиот процес со опфат на сите домови ќе заврши во текот на мандатот на Владата …..  Предвидено е и зголемување на средствата за ученички стандард за 110 милиони денари, односно обезбедени се 621 милион денари, порача Јаневска.

Министерката најави  дека со дополнителни  500 милиони денари  од Светска Банка за кои се уште се преговара ќе се адаптираат 100 училишта за работа во една смена . Двојно е зголемен и буџетот за науката, односно од скоро 6 милиони евра, на над 11 милиони евра.

Министерката најави и дека се работи на стопирање на процесот на нарачка на магистерски и докторски трудови со кои потоа студентите добиваат диплома. Во неколку државни универзитети веќе биле одземени неправилно стекнати звања. Ќе се воведе мониторинг на она што се случува во високото образование, а при крај е и новиот закон за високо образование.