Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Ѓорѓиевски: Во континуитет вложуваме во подобро образование!

Градоначалникот на Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, денеска промовираше…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, денеска промовираше неколку проекти за реконструкција на централното и подрачното училиште „Круме Кепески“.

Се работи за промена на под, нови училници, тоалети за децата со попреченост итн. Како што изјави, ова не е прва инвестиција во ова училиште туку за време на неговиот тригодишен мандат, ова училиште доживеало целосна преродба.

-Денес, повторно промовираме неколку проекти во основното училиште ,,Круме Кепески”, централното и подрачното. Имено, се работи за изведување на градежни активности за реконтрукција на влезот на подрачното училиште, каде што целосно се обновени скалите кои претходно беа речиси уништени, а поставена е и нова настрешница. Како новитет, во подрачното училиште изграден е тоалет за дечињата со попреченост, со што уште еднаш ја потврдуваме нашата заложба за еднаквост и инклузија на територијата на целата општина. Инвестициите продолжија и во централното училиште „Круме Кепески”, каде што целосно опремивме две училиници за целодневна настава со клупи, столчиња и инвертар, како и дополнително уште две нови училници. Поставен е и нов под, кој со години не беше променет. Ова не е прво вложување во ова училиште. Претходно, во централното училиште изградивме нов фудбалски терен со квалитетна вештачка трева и детско игралиште со нова урбана опрема, сензорна соба која значително го унапреди образовниот процес на дечињата со попреченост, смарт табли за подрачното училиште, ги опремивме сите училници и кабинети со смарт уреди во централното, нови кабинети по информатика, уште еден спортски центар во подрачното училиште итн. Тука не застануваме, продолжуваме да ја градиме иднината на младите таква каква што ја заслужуваат, изјави Ѓорѓиевски.