Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

91% од Mакедонците веруваат во Бог – Религијата како форма на живеењето или како суштина на постоењето?

Подзастануваат пред црква и се прекрстуваат. Ова е навика за голем дел…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Подзастануваат пред црква и се прекрстуваат. Ова е навика за голем дел од луѓето во Македонија па и за многу од младите. Но, колку тоа навистина ги прави религиозни и колку ја разбираат и почитуваат верата?

Отец Бобан Митевски од храмот „Свети Никола“, во скопски Аеродром, вели дека од година во година, се повеќе луѓе доаѓаат во црквите, но повеќето се запознаени само со формата, а не ја разбираат и суштината на православието.

„Кога говориме за интерес за верата зборуваме не само за тоа да се идентификува со верата па да чувствува кога тогаш да ја пројави. Ние зборуваме за едно трајно идентификување со верата која што подразбира начин на живеење, според верата. Ако зборуваме за оној традиционален пристап навистина го има и тој е за истакнување и е во раст, но кога зборуваме за оној пристап кој што ја подразбира верата како начин на живеење, тогаш зборуваме за тенденција за раст, но помал раст“, вели отец Бобан Митевски, свештеник во храмот „Свети Никола“ во Аеродром.

Реклама

Доказ дека интересот за верата кај младите е се поистакнат и дека тие ја чувствуваат потребата за поврзаност кон Бог е се почестата посета на храмовите.

„Јас еве лично можам да кажам преку мојот пример, дека секоја година имам, ако кажам една бројка десетина нови млади, сметам дека е успех не за мене туку за црквата и дека е успех во однос на мисијата на црквата, зборувам за оние кои бараат да се исповедаат и оние кои што почнуваат да практикуваат континуиран духовен односно црковен живот“.

Од друга страна трендот на венчавки и крштевки во црква бележи благ пад, но, не толку повеќе заради тоа што младите одбиваат да ги практикуваат овие традиции, колку што е заради миграцијата и иселувањето. 

„Би рекол дека тенденцијата е во благо опаѓање не толку затоа што не сакаат да го прават тоа, туку на тоа се рефлектира иселувањето од државата. Значи оние кои се иселуваат од државата иако тоа го прават во западноевропските земји, па сепак нели можат да се вратат тука и да го направат тој чин, сепак има луѓе кои што не се враќаат многу години кои што го одложуваат тој момент или пак стапуваат во заедници па после извесно време можеби да го направат венчанието во црква. Крштевките веќе се случуваат на териториите каде што нашата црква е организирана и во Европа и во Америка Австралија и така натаму. Така што во Македонија постои благо опѓање на тие свети тајни, тоа се должи најмногу на миграцијата.

Во ноемвриското истражувањe во 2024 години дека се „религиозни“ се определиле 56,1% од испитаниците, а дека се „донекаде религиозни“ 34,7%, што се вкупно дава бројка од 90,8% население кое за себе вели дека е религиозно, што на еден начин ја прави Македонија една од првите десет држави во светот со волку висок процент на религиозност. Интерсни се споредбените податоци со истражувањата од декември 2019, април 2020, март 2021 и последното од ноември 2024 година. Во нив се гледа благ, но константен раст на религиозноста.

Инаку според последните истражувања, во Македонија речиси 91% од луѓето се изјасниле како верници со што земјата е меѓу најрелигиозните во Европа. Тендецијата покажува дека од година во година, релиогиозноста се зголемува.

Љубиша Владимиров