Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Премиерот Мицкоски без коментар по изборот на новиот претседател на Судскиот совет

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека засега нема коментар во врска со изборот…

Сподели:

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека засега нема коментар во врска со изборот на Александар Камбовски за нов претседател на Судскиот совет.

„Немам коментар. Некако пречесто коментираме и експертите пречесто ги коментираат нашите изјави. Немам што да додадам во врска со ова. Да почекаме и да видиме како ќе ја извршува својата функција новиот претседател на Судскиот совет,“ изјави Мицкоски на настан по повод пуштањето во употреба на спортската сала „25 Мај“ во Општина Радовиш.

Битолскиот судија Александар Камбовски беше избран за претседател на Судскиот совет со 13 гласа „за“ од вкупно 15 членови, откако претходната претседателка, Весна Дамева, поднесе оставка кон крајот на минатата година.

Реклама

Камбовски е дипломиран правник и магистер по правни науки. Неговата кариера започнува во 2010 година како судија во Основниот суд Битола, како дел од втората генерација слушатели на Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО). Во 2017 година, тој беше избран за судија во Апелацискиот суд Битола, каде истовремено предаваше на Академијата. Во февруари 2024 година беше назначен за в.д. претседател на судот, а во јуни истата година стана член на Судскиот совет.

Изборот на Камбовски доаѓа во време на засилени очекувања за транспарентност и ефикасност во работата на Судскиот совет.