Реклама

Мицкоски: Бесплатни учебници, реновирани училишта, сали и базени – образованието останува приоритет

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Македонија

Година на пресврти: По 7 години разочарувања, порази и премрежја, во 2024-та Македонија доби нова власт

И повеќе од турбулентна на политички план беше 2024-та година. Се случи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

И повеќе од турбулентна на политички план беше 2024-та година. Се случи целосна промена на власта. Македонија доби нов претседател. Гордана Силјановска Давкова влезе во Вила Водно на местото на Стево Пендаровски. Универзитетската професорка убедливо победи и во првиот и во вториот круг.

Зад нас е година со три премиери, а поради договорот на СДСМ и ДУИ го добивме и првиот Албанец премиер на Македонија. Пред актуелниот Христијан Мицкоски на стартот на годината замина Димитар Ковачевски, го замени поранешниот командант на УЧК, Талат Џафери.

Тоа беше причина канцеларијата на Талат Џафери во Собранието, да биде претворена во место за партиска прослава на ДУИ, со прекршување на закони, односно пушење цигари и пури во затворен простор.

Реклама

Сепак сонот на ДУИ траеше само неколку месеци, до осми мај, а потоа им дојде кошмарот, дводецениската власт ја сменија со опозиција. На парламентарните избори убедлива победа имаше ВМРО-ДПМНЕ, добија 58 пратеници, за разлика 18-те на СДСМ и ДУИ. Тоа беше причина за голема прослава кај новата владејачка партија.

За разлика од нив, после историскиот најголемиот пораз на изборите, состојбата во СДСМ беше и повеќе од траорна. Сепак тоа не беше причина вечерта по изборите, Ковачевски да реши да ја напушти функцијата претседател на партијата.

Тоа реши тоа да го направи после две недели, но не пред медиумите, туку преку партиско соопштение.

Потоа Мицкоски го доби мандатот за состав на Владата од Силјановска Давкова, следуваа преговори и на 23-ти јуни, Македонија доби нова Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата „Вреди“ и ЗНАМ, нов премиер стана Христијан Мицкоски. Она што беше ветено во првите сто дена, речиси се беше остварено, а ветувањата продолжуваат да се остваруваат.

Една недела по изборот на Владата се одржаа и внатрепартиски избори во СДСМ, Нов лидер на партијата стана Венко Филипче, а иако ниту на неговото лице немаше никаква насмевка, тој беше пречекан со зурли и тапани.

Начинот на кој беше избран новиот претседател донесе нови поделби во СДСМ. Неговиот избор го оспорија голем дел од партиското членство и раководни лица од минатото. Филипче со аплауз беше пречекан од само десетина партиски членови. Човекот кој важи и за по Заев- Заев, повика дека не било време за славење, но изрази задоволство од тоа како биле одржани изборите во партијата.

Она што можеше уште на стартот да се забележи е големата промена на во однос на надворешната политика. За разлика од претходната власт, повеќе не се прифаќаат бугарските уцени и условувања. Македонија има јасен план, патот кон ЕУ, да се темели на она што го постигнала, а не на билатералните спорови.

Годинава ја одбележа и заминувањето на ДУИ во опозиција, а тоа донесе и до нова еден вид воинствена реторика на интегративците. Фактот што ја изгубија моќта и власта, беше причина Али Ахмети во повеќе наврати да се заканува со дестабилизизација на Македонија.

„Да користиш селективна правда со реторика „повторно Македонија на Македонците“, е колку неправедно, толку и опасно, затоа што очигледно во правосудниот систем се користи селективна правда, кадрите Албанци се омаловажуваат. Ова не е добро, ова предизвикува револт во големи размери кај Албанците, но и кај другите етнички заедници…“ – изјави Ахмети.

Во првите само шест месеци од владеењето на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, почнaa да се расветлуваат и голем број криминали. Бегалец од правдата стана и Артан Груби, кој до пред неколку месеци важеше за целосно недопирлив. Сега е со определен притвор, поради сомнежи за тежок милионски криминал, но наместо да одговара, реши да избега од Македонија.

Матеја Петровски