Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Таравари: Најавените вработувања треба да се реализираат во јануари

Најавените над илјада вработувања во здравството го поминале владиниот филтер и добиле…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Најавените над илјада вработувања во здравството го поминале владиниот филтер и добиле согласности од Министерство за финансии, конкурсите ќе се распишуваат во јануари, информира министерот за здравство Арбен Таравари, кој денеска беше во посета на Општата болница во Гостивар.

– Процедурите во влада поминаа, сега останува на директорите. На оние вработени кои имаа договори, тие им се продолжени за три месеци, за да не бидат отпуштени. Се работи за голем опфат од околу 1200 лица од среден медицински персонал и тие мора да поминат низ тестирања. Очекувам тоа да биде готово до средината на јануари, рече Таравари.

Тој нагласи дека наскоро треба да се објави и списокот на 315 специјализанти кои ќе одат на специјалзции и дека меѓу нив има 15 студенти по медицина кои покажале најдобро знаење. Таравари ја оцени динамиката со вработувања, како силна и најави дека ќе продолжи, притоа напомена дека ваков обем на вработувања од над 1500 немало досега.

Реклама

– Мора да ги разгледаме и буџетите на здравствените установи за да видиме каде треба да се инвестира, но сепак фокусот ќе биде човечките ресурси, бидејќи не ни требаат нови болници и опрема без здравствени работници, потенцира Таравари.

Министерот за здравство Таравари на новинарско прашање околу надминувањето проблемот со потпорниот ѕид близу детската клиника во Скопје, одговори дека проектот е изготвен во соработка со општина Центар, со чиј градоначалник имаат одлична комуникација.

– За жал со градоначалничката на Град Скопје немаме баш добра комуникација, а се работи за серизона инвестиција. Тој пат треба да се реконструира и да се направи комплетно нов ѕид. За тој проект во 2024 година немаше пари, а се надевам дека нареднава тој проблем ќе се надмине и нема да биде тесно грло, рече Таравари.