Реклама

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

Страотни пожари во Албанија и Црна Гора: Големиот пожар кај популарниот Херцег Нови стигна до куќите во градот

Откако СДСМ си ја „присвои независноста“ сега ДУИ го приватизира Рамковниот договор

Лагата за водата во Скопје: Изолирани случаи или добро смислено сценарио за предизвикување паника и несигурност?

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

Македонија

За 1 минута електронско издавање на уверение за државјанство во секое време

Министерството за внатрешни работи денес ја промовираше надградената услуга за електронско издавање…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за внатрешни работи денес ја промовираше надградената услуга за електронско издавање на уверение за државјанство која е достапна преку националниот портал за е-услуги uslugi.gov.mk

-Услугата која и досега беше достапна на порталот иако можеше да се аплицира во секое време, сепак издавањето на е-државјанството беше можно само во работно време. Отсега услугата станува целосно дигитална и граѓаните може да аплицираат во секое време и за само една минута по поднесувањето на барањето, доколку е се во ред, добиваат позитивен одговор и можат да го симнат документот од системот. Дигитализација на услугите и процесите во министерството се еден од нашите врвни приоритети како Влада и како министерство. Граѓаните заслужуваат брзо и ефикасно да ги добиваат своите документи кои институциите се должни да им ги обезбедат. Дополнително процесите на дигитализација во огромен процент ја намалуваат можноста од корупција од која страда нашето општество, така што преку дигитализацијата се води и борбата со корупцијата, истакна министерот Тошковски.

Националниот портал uslugi.gov.mk минатата недела беше ребрендиран и редизајниран од министерството за дигитална трансформација, е централен портал каде се достапни сите електронски услуги на институциите во државата.

Реклама

Тошковски потенцираше дека се министерството за внатрешни работи забрзано работи и на дигитализација и на други услуги кои ќе бидат достапни за граѓаните во следниот период.