Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Прилози

„Жива“ е кривичната пријава за Ковачевски: Поранешниот премиер се уште е во предистрага кај обвинителите

Кривичната за Димитар Ковачевски се уште е „жива“, поранешниот премиер е во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кривичната за Димитар Ковачевски се уште е „жива“, поранешниот премиер е во предистрага кај обвинителите, вели републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски. За аферата „Лотарија“ ОЈО прифати шест кривични пријави, додека две за Ковачевски и поранешниот генерален секретар на Владата, Методија Димовски, барем засега не ги процесуираше. Коцевски вели ако најдат докази и за нив ќе се отвори кривичен процес.

-Од страна на МВР поднесена е кривична пријава и за останатите двајца, меѓутоа тие не изостанаа, со оглед дека Јавното обвинителство и натаму постапува и води предизстражна постапка и за останатите двајца. Доколку се утврди дека има елементи на кривично дело, врз основа на доказите, ќе поведе постапка и против нив двајца, изјави Коцевски.

Покрај тоа што бега од правдата, поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, бега и од јавноста. Реши да се обрати преку својот адвокат Владимир Доневски. Во соопштението испратено до медиумите нема одговор дали и кога би се вратил во Македонија, туку само правдање дека бегалецот Груби бил невин.

Реклама

-Одбраната и сите аргументи ќе бидат ќе бидат изложени во рамки на законски предвидената постапка, се со цел да биде убеден и судот и јавниот обвинител дека нема кривично дело во дејствијата за кои се обвинува Артан Груби. Се надеваме дека сите учесници во оваа кривична постапка ќе останат имуни на очигледната политизација на процесот и ќе ја задржат непристрасноста и независноста и одлуките ќе ги носат, како и ние, врз основа на јасни правни аргументи, пишува во соопштението.

Поради сомнежи за криминал, во отсуство притвор им е определен на Артан Груби и поранешниот директор на Лотарија, Прпарим Бајрами, за четири лица судот определи мерки на претпазливост, додека барем засега кривична постапка не е отворена за Ковачевски и Методија Димовски.

Матеја Петровски