Реклама

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Тошковски бара храброст од Обвинителството вистински да се истражи криминалот со набавката на мазутот

Мицкоски: Бесплатни учебници, реновирани училишта, сали и базени – образованието останува приоритет

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

Македонија

ДСЗИ предлага стручен надзор по смртта на бебето – проблемите на клиниката не биле решени

На Детска клиника грешките се повторуваат. Оваа здравствена установа и директорот Реџеп…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На Детска клиника грешките се повторуваат. Оваа здравствена установа и директорот Реџеп Мемеди повторно ќе плаќаат казни. Затоа што не издале писмено образложение за причините – зошто одбиле болнички да го згрижат седуммесечното бебе кое пред пет дена го загуби животот на Клиниката за детски болести.

Извештајот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат констатира серија недостатоци при третманот бебето. Таму е наведено дека новороденчето за време на болничкото лекување било третирано од повеќе лекари на повеќе клиники, и му се правени дополнителни лабораториски испитувања.Но, главната грешка според инспекторите е зошто детето не било хоспитализирано а имало со денови висока температура. Туку било примено во крајна фаза кога здравствената состојба му била влошена.

Од обемната документација инспекторатот констатирал и лошо водење на евиденцијата за починатото дете, а алармантно е што и покрај укажувањата на ДСЗИ се уште на клиниката дежураат само специјализанти.

Реклама

“Доколку прием не е извршен, установата е должна да издаде писмено образложение за причините за одбивањето на приемот за болничко лекување. При надзорот исто така е констатирано дека на клиниката сеуште не е решен проблемот со задолжително присуство на специјалист во дежурната амбуланта, а за кое во ДСЗИ се води прекршочна постапка” – се вели во извештајот на ДСЗИ.

Дали имало лекарска грешка ќе утврдува стручна комисија од Министерстото за здравство, инспекторатот ќе иницира до кабинетот на Таравари да формира комисија од доктори за надзор над лекувањето на починатото дете.

“Државниот санитарен и здравствен инспекторат при вршењето на инспекцискиот надзор утврди потреба до министерот за здравство согласно член 6 став 2 од Законот за санитарната и здравствената инспекција како и член 296 од Законот за здравствената заштита, да иницира постапка за стручен надзор над лекувањето на седуммесечното бебе” се вели во извештајот.

Родителите на починатото бебе и покрај големата болка и загуба, велат дека ќе чекаат што ќе покаже обдукцијата. Таткото раскажа, дека се почнало со температура и појава на црвенило по телото за што од матичниот добиле терапија. И зголементо ЦРП на крвна слика било намалено со антибиотици, но црвенилото на бебето не поминувало, ниту пак температурата. Го хоспитализирале во тешка состојба и пет дена по приемот на Детска, починало.

Од октомври досега ова е четврти смртен случај на Детска за кој има вонреден надзор и стручни комисии.