Реклама
Македонија

Внимавајте: Измамници под маска на Македонска пошта испраќаат „СМС“ со цел да извлечат пари

По зачестените измами на интернет, Секторот за компјутерски криминал при МВР ги…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По зачестените измами на интернет, Секторот за компјутерски криминал при МВР ги предупредува граѓаните да не ги отвораат сомнителните пораки во своите електронски пошти и да не водат разговори со измамници што се преставуваат на телефон дека се од пошта.

„МВР ги известува граѓаните дека главна цел на таканаречените фишинг измами е да се приберат личните податоци на примателот или да се натера тој да посети лажна веб-страница преку која, со оставање на своите лични податоци, може да се предизвикаат дополнителни злоупотреби на истите. Овој вид фишинг напад доаѓа во форма на смс-пораки, преку кои се известуваат граѓаните дека имаат наводна пратка на свое име, за која е потребно да доплатат многу мала сума за испорака. Во смс-пораката, исто така, има линк, кој води до веб-страница што е дизајнирана да изгледа како легитимната веб- страница на пошта. Преку форма за внесување податоци, граѓаните ги внесуваат податоците од своите платежни картички. Обично веднаш се извршува плаќањето на првобитната сума, за по некое време да се изврши поголема трансакција“, предупредуваат од мвр.