Реклама

Страотни пожари во Албанија и Црна Гора: Големиот пожар кај популарниот Херцег Нови стигна до куќите во градот

Откако СДСМ си ја „присвои независноста“ сега ДУИ го приватизира Рамковниот договор

Лагата за водата во Скопје: Изолирани случаи или добро смислено сценарио за предизвикување паника и несигурност?

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Македонија

Премиерот Мицкоски на Самит на Европската народна партија

Претседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски престојува во дводневна работна посета…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски престојува во дводневна работна посета на Брисел каде што ќе има средби со потпретседателката на Европската Комисија и висок претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Каја Калас, со премиерот на Кралството Шпанија Педро Санчез и со премиерот на Полска, Доналд Туск, соопшти владината прес-служба.

Премиерот Мицкоски заедно со министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски и министерот за европски прашања, Орхан Муртезани ќе присуствуваат на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел на кој за прв пат ќе претседава претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.

На Самитот ќе се разговара за натамошната интеграција на регионот преку Планот за раст, како и за надворешни, безбедносни и миграциски прашања.

Реклама

Исто така, премиерот Мицкоски, ќе учествува на Самитот на Европската народна партија.

Самитот на EУ и Западен Балкан се одржува од 2018 година на инцијатива на тогашниот шеф на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел, а последниот се одржа во Брисел во декември 2023 година.

Со денешниот самит ЕУ-Западен Балкан за првпат ќе претседава новиот претседател на Европскиот совет, Антонио Кошта, а покрај лидерите од регионот на состанокот ќе присуствува и претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен. Главни теми ќе бидат натамошната интеграција на Западен Балкан во ЕУ, спроведувањето на Планот за раст, продлабочување на политичкиот ангажман на ЕУ со Западен Балкан во повеќе области – надворешната и безбедносната политика, зајакнувањето на отпорноста на регионот и усогласувањето со надворешната политика на ЕУ, зајакнувањето на безбедноста и одбраната, одговорот на хибридните и сајбер закани, продлабочување на соработката во управувањето со миграцијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал.

Најавувајќи го самитот, од Европскиот совет посочија дека тоа е можност да се продолжи новиот моментум за стратешко партнерство меѓу ЕУ и регионот, како и за размена на идеи за тоа како да се продлабочи тоа партнерство и заедно да се напредува кон ЕУ.

Самитот ЕУ-Западен Балкан почнува попладне по 17 часот, а Кошта и Фон дер Лајен треба да одржат прес-конференција околу 19 и 30 часот. По 20 часот ќе се одржи работна вечера, на која лидерите ќе разговараат за геополитичкиот контекст и предизвиците што ги засегаат ЕУ и Западен Балкан. На крајот од самитот лидерите од ЕУ и од Западен Балкан треба да усвојат заедничка декларација во која, според медиумски увиди во нацрт-документот, би било наведено дека постои нова динамика на проширувањето и дека процесот на пристапување ќе биде забрзан, но врз основа на резултати. Лидерите ќе бидат повикани да ги спроведуваат темелните вредности и принципи на ЕУ, особено со основните права и владеење на правото, за усогласување на надворешната и безбедносната политика на земјите од регионот со онаа на ЕУ, а ќе се повика и на јакнење на меѓусебната соработка и негување на добрососедските односи.